ФОТО | „Уживам во животот со неа“: Сања Ристиќ стави пирс и му го посвети на Перо Антиќ

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ/Сања Ристиќ

Перо Антиќ и Сања Ристиќ се новиот љубовен пар на македонската јавна сцена.

Претседателот на кошаркарската федерација и маркетинг менаџерката неретко споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи и отворено ја покажуваат љубовта пред нивните бројни следбеници.

Последната објава на Антиќ е фотографија со неговата сакана, а во описот напиша: „Уживам во животот со Сања“ и додаде неколку емотикони во форма на срциња.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Ристиќ, пак, откри дека си ставила нов прис на увото и дека му го посветила на својот партнер.

„Посветено на мојот Чичко Стоилко“ напиша таа, алудирајќи на корисничкото име на Антиќ на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Сања Ристиќ

Да потсетиме, Антиќ и Ристиќ открија дека се во љубовна врска на почетокот од годинава.

Тогаш ја објавија нивната прва заедничка фотографија на Инстаграм, на која позираа во пижами и покажаа дека биле на ноќно возење.

ФОТО | Перо Антиќ и Сања Ристиќ веќе не ја кријат љубовта: Двојката објави нова романтична фотографија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот