ФОТО | Перо Антиќ и Сања Ристиќ веќе не ја кријат љубовта: Двојката објави нова романтична фотографија

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ/Сања Ристиќ

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговата нова партнерка Сања Ристиќ веќе не ја кријат љубовта од јавноста.

Поранешниот македонски репрезентативец и маркетинг менаџерката ја потврдија љубовната врска пред еден месец со тоа што објавија заедничка фотографија на нивните инстаграм-профили.

„Ноќно возење во пижами“, напиша Ристиќ на фотографијата, а истата ја сподели и Антиќ.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Новата двојка неодамна присуствуваше на настап на музичкото дуо „ДНК“ и сега објавија нова романтична фотографија, на која уживаат во заедничкото друштво.

Фото: Инстаграм/Сања Ристиќ

Да потсетиме, Перо Антиќ долги години беше во брак со уредничката на „Портрет“, Ружица Максимовска, со која има три сина.

Што се однесува со Сања Ристиќ, таа беше во брак со ракоментарот Дејан Пецаковски, со кого има два сина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот