ФОТО: Урбана акција по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата

По повод 9 декември – Меѓународниот ден за борба против корупцијата, организирана е урбана акција, при што на неколку јавни места се поставени пораки посветени на судството, образованието, царината.

„За жал РС Македонија со години ја губи оваа битка и е една од најкорумпираните држави во Европа (минатата година од 44 држави во Европа, само две земји беа рангирани како покорумпирани од РС Македонија). Реномето за длабоко корумпирана земја го одржуваме со години, а корупцијата секојдневно го нагризува и она малку здраво ткиво кое остана во државта.

Денешната акција ја посветуваме на сите оние кои заглавени во безизлезните лавиринти на нефункционалната администрација немале кому да се обратат за да завршат работа или да остварат некое свое право и на крајот подлегнале и се вклучиле во синџирот на митото и корупцијата иако биле свесни дека и самите прават кривично дело но немале друг излез.

Инспирацијата за оваа акција во која експлицитно споделивме десетина пораки потекнува од вистински приказни и ситуации во кои се нашле неколкумина наши сограѓани кои своите приказни ги споделија со нас, што значи дека цитатите се вистински а имињата се измислени.
Темите на судството, образованието, царината… се само случајно одбрани од многуте теми во нашето општество каде што царува корупцијата.“, се вели во соопштението од организаторите на акцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот