ФОТО | Твитер „збесна“ откако актерот уживаше на јахта: Леонардо Дикаприо е лицемер!

Леонардо Дикаприо/Facebook
Леонардо Дикаприо/Facebook

Деновиве социјалната мрежа Твитер се возбуди и со наплив на негативни реакции го коментира одморот на познатиот актер Леонардо Дикаприо.

Имено, холивудската ѕвезда периодов беше актуелен со фотографии на социјалните мрежи од неговиот релаксирачки престој на јахта недалеку од островот Сент Бартс.

ФОТО | Леонардо Дикаприо и Камила Мороне не ги кријат страстите: Неколкуте килограми плус ништо не му можат

Тука „рипнаа“ корисниците на Твитер, кои го нарекоа Лео „лицемер“ затоа што покрај неговите заложби и активизам за спасување на природата, тој троши многу пари и гориво уживајќи на јахта.

Актерот е познат како голем поборник за заштита на природата, но корисниците на Твитер не мислат така – тие мислат дека тој не се придржува до она што го проповеда.

Активистот Дарен Грајмс напиша:

„Еве го амбасадорот на ОН за климатски промени Леонардо Дикаприо на суперјахта, од 110 милиони фунти и хелиодром и шест палуби. Ќе плови само 11 километри и ќе испушти нафта исто толку колку вашиот просечен автомобил за една година. Потсетете се на ова додека го гледате неговиот филм за климатската катастрофа“

Некои од коментарите одат и подалеку:

„Време е да престанете да го поддржувате Холивуд. Престанете да ги плаќате филмовите кои работат против вашите права и слободи!“

„Богатите снобови го прават ова, а јас треба да возам паметна кола, да штедам?“

„Каков лицемер, лаже“

„Значи климатските промени не се реални?“

Леонардо Дикаприо неодамна го нарече еколошкиот проблем „најитната закана со која се соочуваме како човештво“, а потоа ги повика фановите да направат нешто во врска со тоа. Неговиот последен филм кој беше и предмет на многу контроверзни коментари, „Don’t look up“, исто така ја застапува потребата да се одговори на најитната закана со која се соочува светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот