ФОТО: Турската фитнес-инструкторка не ја пуштиле во авионот, бидејќи била премногу гола

турска фитнес инструкторка фото инстаграм
Фото: Инстаграм

Дениз Сајпинар, фитнес-sвезда од Турција, беше прилично лута поради однесувањето и грубоста на персоналот на аеродромот во Тексас, Америка.

Поточно, заради нејзината комбинација на облека, тие не ја пуштиле во авионот. Нејзиниот изглед бил оценет како навредлив.

Турчинката, која ја следат повеќе од милион луѓе на Инстаграм, во четвртокот доживеала непријатно искуство на аеродромот во Далас. Според „Дејли мејл“, стјуардесите не сакале да ја пуштаат фитнес-инструкторката да се качи во авионот.

„Ова е 2021 година и сè уште постои дрескод за летот. И тоа само затоа што сум жена“, напишала Дениз Сајпинар.

Таа додала и дека стјуардесите ѝ рекле дека не може да се качи во авионот затоа што е гола и дека како уште една причина ѝ го навеле фактот дека нејзиниот стил ги вознемирува другите семејства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deniz SAYPINAR (@dnzsypnr)

„Не сум гола. Јас сум спортистка и имам право тука да чекам до утрото“, напишала таа. „Сакам да носам облека којашто ја покажува мојата женственост, но никогаш не се облекувам на начин којшто некого ќе навреди. Јас сум доволно зрела и цивилизирана за да знам што можам, а што не можам да облечам“, објаснила Дениз.

Таа додала и дека не заслужува да ја третираат како најлоша, само затоа што носи кратки панталони.

„Она по што се разликуваме од животните е фактот дека можеме да ги контролираме најпримитивните импулси“, напиша таа.

Дениз споделила и фотографии од проблематичната комбинација на облека, а повеќето нејзини следбеници биле на нејзина страна.

По нејзината објава, се огласила и управата на аеродромот.

„Сите клиенти мора да бидат соодветно обучени и навредливата облека не е дозволена на нашите летови“, соопштиле тие, додавајќи дека за Дениз е резервериран веднаш следниот лет за Мајами.

Во тој момент таа носела кратка топ маичка, во кој се истакнувале нејзините бујни гради, многу краток тексас шорц и плетен џемпер околу половината.

She got stuck in Dallas/Fort Worth International Airport and took to social media to share her ordeal after American Airlines staff allegedly banned her from the flight

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот