ФОТО: ТРЧАЈ БЕ голема атлетска приказна со два нови македонски рекорди и балканско првенство во полумаратон

Трето издание на манифестацијата Трчај бе/ фото: trcaj.be

Над илјада учесници и многу публика распоредена на улиците низ Битола, викендов приредија атлетски спектакл во Битола.

Организаторите на третото издание на ТРЧАЈ БЕ и покрај ограничувањата со протоколите наметнати од здравствената криза, одговорија успешно на предизвикот да организираат Балканско првенство во полумаратон и пратечки две трки на 5.000 и 10.000 метри, покажувајќи дека со многу посветеност, вклучување на професионален тим и пред сè љубов, можат да бидат надминати сите пречки и приредија вистински тркачки спектакл во Битола.

 

Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд во полумаратон/ фото: trcaj.be

Од минатата година, овој настан е и официјално прифатен и од Атлетската федерација на Македонија, оттука и одлуката Балканското првенство во полумаратон да се организира во градот кој за многу кратко време создаде бренд од својата градска трка Трчај бе. Петседателката на АФМ Александра Војнеска-Зикова, го означи стартот на трите трки и поздравувајќи ги репрезентациите од земјите учеснички и домашните атлетичари истакна како може една идеја да се преточи во настан кој евидентно ја подигнува атлетиката на едно поинакво ниво.

Манифестацијата трчај бе и официјално е призната од Атлетската федерација на Македонија/ фото: trcaj.be

– ТРЧАЈ БЕ создаде нова спортска приказна во градот под Пелистер. И ова е дефинитивно најмасовниот спортски настан кој Битола досега го имала. Присуство на врвни атлетичари од Балканот и двата нови национални рекорди ја промовираат трката на еден поинаков левел, кој ветува сјајна иднина – изјави Никола Димитровски директор на трката.

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова истрчаа национални рекорди на Балканското првенство во полумаратон (21 километар), во рамки на уличната трка „Трчај бе” во Битола.
Двајцата за неколку минути го подобрија своето и националното најдобро време, што е своевиден подвиг! Македонската атлетска елита беше присутна на настанот што беше гаранција за супер интересна трка.

Резултати од Балканското првенство во полумаратон

ЖЕНИ
1. Маринале Нинева од Бугарија со време 1.16.02
2. Лилјана Марија Драгомир од Романија со време 1.16.33
3. Неја Кршинар од Словенија со време 1.16.48
4. Адријана Поп Арсова од Македонија со време 1.18.50
5. Дилек Остурк од Турција со време 1.19.17
6. Девора Аврамова од Бугарија со време 1.19.46
7. Николета Циортан од Романија со време 1.23.04
8. Миљана Ристиќ од Македониај со време 1.29.06
9. Емине Акбингол од Турција со време 1.29.31

МАЖИ
1. Илие Александру Корнесци од Романија со време 1.05.54
2. Ахмет Алканоглу од Турција со време 1.06.02
3. Дарио Ивановски од Македонија со време 1.06.09
4. Абдулах Тоглук од Турција со време 1.07.18
5. Џоло Николов од Бугарија со време 1.07.38
6. Стефан Иулиш Гаврил од Романија со време 1.07.47
7. Петар Братулич од Хрватска со време 1.10.25
8. Мирослав Спасов од Бугарија со време 1.11.16
9. Атанас Анчевски од Македонија 1.13.54
10. Тирон Мамуша од Косово 1.15.48

10.000 Мажи
1. Димитар Петровски
2. Кристиан Стојани
3. Трајче Илијевски

10.000 Жени
1. Билјана Кираџиева
2. Душица Јанковиќ
3. Марина Домазетовска

5.000 Мажи
1. Пепи Анакијев
2. Кристијан Наумовски
3. Мајкл ван Бален

5.000 жени
1. Милена Чкрипеска
2. Цеца Србова
3. Мери Чкрипеска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот