Биба Додева / Фото: Фејсбук/Биба Додева

ФОТО | Тој ѝ е ветер во грб по загубата на мајката – Ова е таткото на Биба Додева

Димитар, таткото на Биба Додева, е нејзина најголема поддршка по загубата на мајка ѝ, која почина од канцер во јули 2019 година.

Пејачката ја смени профилната фотографија на Фејсбук, а под неа доби емотивен коментар од нејзиниот татко Димитар, кој напишал: „Срце мое, тато“. Биба Додева е многу блиска со својот татко, кој е горд на неа.

Фото: Скриншот/Фејсбук

За жал, таа остана без уште една своја голема поддршка – нејзината мајка. На двегодишнината од смртта на мајка ѝ, Биба Додева ѝ посвети емотивни зборови:

„Знаеш дека не одам по гробишта и не сакам ‘журки’ во Бутел, ниту пак сакам да ‘раздавам’ за душа. Кога ќе се вратам ќе си ги соберам најблиските, како ти што нѐ собираше и ќе одиме во твојот омилен ‘Дестан’, на десетка со кромид и ќе збориме за тоа каква прекрасна жена беше. Каков верен пријател. Каква мајка и баба. Правев сѐ за да ми останеш жива и што подолго да те имаме во нашиот живот. А сега, сега живееш во нас. Живееш во мене. Секојдневно. И ми фалиш. Многу ми фалиш мамо. Две години, како два века. А присутна си во сѐ што правам. Зошто си дел од мене. Зошто сум дел од тебе. Те сакам“, напиша Биба за мајка си во 2019 година.

„Некогаш ми беше цел свет. Многу рано ми замина… 7 години, како седум животи без тебе мамо“, напиша Биба Додева во 2024 година, во спомен на мајка ѝ Олгица.

Во април 2022 година, пејачката се омажи за својот партнер Срѓан Шрепфлер. Веста за свадбата тогаш ја сподели нејзината долгогодишна блиска пријателка, поетесата Ана Бунтеска.

„Бибо моја, вечна љубов, ве сакам. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна“, напиша Бунтеска на Фејсбук.

Биба Додева е, инаку, мајка на Емануела Додева и горда баба на внукот Александар. Таа е една од нашите најдобри женски поп-вокали.

ФОТО | Свадбени ѕвона: Се омажи Биба Додева

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот