ФОТО | Тејана Тејлор во „гола“ креација со илузија на голо тело – 400.000 светки и накит од половина милион долари
Актерката и пејачка Тејана Тејлор се појави на доделувањето на наградите на Здружението на филмските актери во креација што веднаш го привлече вниманието. Таа се приклучи на трендот на т.н. „голи“ фустани, но со поинаков пристап – преку илузија, наместо транспарентност.
Препорачано
За свечената вечер избра креација од модната куќа „Том Браун“. Горниот дел од фустанот ѝ е осликан така што создава впечаток на голо тело, во беж и сиви нијанси. Моделот е без прерамки, a oсликаниот корсет се надоврзува на здолниште, украсено со светки и мониста.

Според странските медиуми, здолништето било изработено од околу 400.000 светки и 175.000 мониста, што дополнително ја истакна драматичноста на креацијата. Модната комбинација ја заокружи со дијамантск ланче вредно 500.000 долари, впечатливи обетки и два дијамантски прстени.
Шминката ѝ беше во склад со впечатливиот изглед – нагласени очи со темни сенки и прецизно дефинирани контури.

Тејлор и претходно ја одбележа сезоната на награди со смели модни избори – на Златните глобуси се појави во црна креација од „Скијапарели“, на доделувањето на наградите на здружението на филмските критичари носеше машки сако од „Сен Лоран“ со пердуви, а на доделувањето на наградите Греми повторно го истакна својот препознатлив стил со фустан со длабок шлиц.


