Сузана Гавазова / Фото: Инстаграм/Сузана Гавазова

ФОТО | Танга бикини и појадок во океан: Вака ужива Сузана Гавазова на Малдивите

Облечена во мини бикини, Сузана Гавазова ужива во појадок послужен во вода, на нејзиниот одмор на Малдивите.

Фолк-пејачката по напорната агенда замина на егзотичен одмор со сопругот и со ќерките и пред неколку дена сподели инстаграм-приказна како ја пее „Македонско девојче“ на плажа, во друштво на туристи од Србија и Бугарија.

Сузана Гавазова со семејството / Фото: Инстаграм/Сузана Гавазова

Сликата од појадокот во Индискиот океан ја бендисаа нејзините следбеници, па доби многу допаѓања и коментари на Инстаграм.

„Нашата македонска принцеза ужива“, „Презгодна за своите години“, „Ова е рај, уживај Сузе“, се дел од коментарите под сликата.

Сузана Гавазова / Фото: Инстаграм/Сузана Гавазова

Сузе сподели и видео од сметувањето, а тоа е куќичка со директен излез на преубавата плажа. Таа со семејството е сместена во удобен и лукзусен апартман.

Уште една инстаграм-приказна која ја сподели Гавазова е од ќерките Емили и Селена, како и тие уживаат во појадокот на вода.

На видеото кое го објави на Инстаграм, Гавазова е облечена во бела наметка, а под неа носи танга бикини.

Фото: Инстаграм/Сузана Гавазова

ВИДЕО | Сузана Гавазова го прослави 46. роденден: Најубавата честитка пристигна од нејзините ќерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот