ФОТО | Тајната намирница на Јелена и Новак Ѓоковиќ: Ја нарекуваат суперхрана, не содржи глутен

Сопругата на тенисекиот ас Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, е приврзаник на веганската диета, а повеќепати за тоа зборуваше на својот инстаграм-профил и сподели рецепти и идеи за подготовка на здрави и вкусни специјалитети.

Меѓу другото, Јелена открила дека таа ја обожава киноата, житарка која е исклучително популарна во последните години, толку многу што 2013 година е прогласена за „меѓународна година на киноата“.

Јелена повеќепати споделува детали од семејната исхрана и открила интересни рецепти, како и фотографии кои сведочат во нивното уживање во даровите на природата, а најчесто имаме можност на нивните чинии да ја видиме киноата.
„Има многу одлични идеи! Салатата од киноа е супер вкусна. Малку киноа, многу зеленчук… и полн стомак““, напишала во една од објавите на својот здрав оброк Јелена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Суперхрана
За киноата велат дека е „суперхрана“, а станува збор за древна житарка која потекнува од подрачјето на планинскиот венец на Андите, а ја користеле уште и Инките и ја нарекле „мајка на сите зрна“.
Но, зошто тогаш киноата стана широко распространета и често присутна во трендовите во исхраната во последната деценија? Нејзината популарност се припишува на тоа што се работи за житарка која не содржи глутен, па заедно „експлодира“ со безглутенската исхрана.

Фото: Профимедиа

Исто така, тоа е намирница која е исклучително богата со хранливи материи, содржи многу влакна, протеини, витамини од групата Б и железо. Но, најдоброто што го нуди киноата е високото ниво на протеини, што е особено важно за веганите чија исхрана често е сиромашна со протеини.

Една чаша варена киноа има 222 калории, 39 грама јаглехидрати, 8 грама протеини, 6 грама масти, 5 грама влакна и 1 грам шеќер.

Постојат повеќе видови киноа, а најзастапене си црната, црвената и белата.от гликемиски индекс (само 53), познат е како важен сојузник во борбата против дијабетесот и намалување на ризикот од развој на оваа болест. Покрај тоа, киноата го намалува холестеролот, помага во регулирање на крвниот притисок, како и за одржување на телесната тежина.

Тоа е многу популарна намирница меѓу веганите и вегетаријанците, а НАСА размислува да го одгледува ова семе во вселената поради неговата висока хранлива вредност и едноставниот начин на одгледување.

Ако сте како Новак Ѓоковиќ алергични на глутен, оваа намирница е одличен избор.

Како се подготвува?

Прво измерете ја количината што сакате да ја користите, а потоа добро исплакнете ја со ладна вода. Откако ќе го процедите, ставете го во шерпа со препорачаната количина на вода и варете на висока температура додека не зоврие, а потоа додадете прстофат сол, намалете ја температурата и варете според упатството во рецептот на јадењето што го подготвувате.  Нема потреба од мешање додека се термички обработува, а генерално не треба да се готви повеќе од 15-20 минути, во зависност од шпоретот и температурата.

Kinoa:10 predloga da uživate u moćnoj namirnici bez glutena, punoj proteina i vitamina (FOTO)

Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот