
ФОТО | Светско ниво: Катарина Ивановска воодушеви во новата модна кампања на Игор Марков
Македонскиот дизајнер Игор Марков повторно го освои модниот свет со својата најнова колекција за 2025 година, која беше презентирана преку впечатлива модна кампања.
Препорачано
Во улогата на главно лице на кампањата се најде најуспешната македонска манекенка Катарина Ивановска, која со својот шарм совршено ја долови визијата на Марков.





Новиот проект на Марков не само што ги надминува локалните модни стандарди, туку и уште еднаш покажува дека македонската мода може да биде дел од глобалната сцена.
Ова е уште една соработка на Марков и Ивановска, кои не само што професионално се надополнуваат, туку за и пријатели во приватниот живот.
„Се познававме долго време пред да започнам да дизајнирам, но не сме биле блиски или приватно не се дружевме додека не започнавме да соработуваме. Прв поблизок контакт имавме во времето кога рекреативно шминкав додека ги завршував студиите по архитектура, таа ме исконтактира да ја нашминкам за некој настан. Неколку години подоцна ја поканив на мојата прва ревија, на која таа се согласи да присуствува, вечерта по ревијата ја добив најпрекрасната СМС-честитка токму од неа, која никогаш нема да ја заборавам, порака полна со пофалби и охрабрувања кои многу ми значеа. Потоа природно почнавме да комуницираме, приватно да се дружиме и соработуваме, можам да кажам дека сме искрени и блиски пријатели. Неизмерно, бескрајно сум среќен и благодарен на нејзината несебична подршка и на сите фотографии за Марков“, изјави дизајнерот во интервју за „Слободен печат“.
Интервју со модниот дизајнер Марков: Немав дилема за мојот успех, Катарина е најдоброто нешто