Сатја Грабулоски / Машин Ган Кели / Фото: Приватна архива/EPA

ФОТО | Светски успех: Сатја Грабулоски направи уникатни патики за Машин Ган Кели

Македонскиот уметник Сатја Грабулоски, основач на „Свитхадот студиос“, продолжува да реди меѓународни успеси.

Овој пат, тој изработи рачно насликани патики за американскиот музичар Машин Ган Кели, а фотографијата од дизајнот ја сподели на својот инстаграм-профил.

Грабулоски одамна го изгради статусот на креативец кој од Македонија стигнува до најголемите имиња во светот. Во претходно интервју за „Слободен печат“ тој изјави дека оваа година бројот на А-листa ѕвезди кои поседуваат негови дизајни ќе ја надмине цифрата од 400.

„Оваа година ќе го заокружиме бројот од 400 ѕвезди кои поседуваат дизајн од ‘Свитхадот студиос’. Од фудбалот (Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем), кошарката (Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис, Двејн Вејд, Ален Ајверсон), ракометот (Тимур Дибиров, Жоан Канелјас, Андреа Лекиќ, Кристина Неагу), па сè до најдобрите диџеи (Калвин Харис, Стив Аоки, Пеги Гоу), холивудски имиња како Зендеја и Џејми Фокс, рап-легенди како Френч Монтана и Снуп Дог“, изјави уметникот.

Тој додаде дека најголем предизвик му е бескрајната потреба да создава нешто ново и поинакво.

 „Никогаш не очекував дека ќе дојде момент кога ќе можам да бирам за кој од моите идоли да работам прво. Благодарен сум му на универзумот што ме става во позиција да го правам тоа што го сакам на најдобар можен начин“, изјави тој.

Интервју со Сатја Грабулоски, уметник и дизајнер: 400 светски ѕвезди ја носат мојата уметност, но никогаш не заборавам од каде почнав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот