ФОТО | Сузан Сарандон со неверојатна приказна: Ми кажаа дека сум неплодна, а родив три деца

Сузан Сарандон/Инстаграм
Сузан Сарандон/Инстаграм

Холивудската актерка Сузан Сарандон денес има 76 години. Од мигот кога застанува пред камерите, ја воодушевува публиката и во својата седма деценија од животот го задржува статусот на секс симбол.

Но, нејзиниот живот има една невообичаена приказна. Кога била млада девојка, дознала дека боледува од ендометриоза. Тогаш лекарите и соопштиле дека никогаш нема да може да роди деца. Самата признава дека поради тоа, често водела незаштитен секс, и имала активен сексуален живот. Прогнозата дека нема да има деца, не ја погодувала толку страшно како што тоа е случај кај многу жени.

Но, во 1984 година се случува нешто невообичаено. Снимала филм во Италија, а остатокот од времето го поминувала молејќи се во црква, барајќи ја смислата на животот.

„Работев, но тоа не ми беше доволно. Го надраснав сето она што го работев, а имав 38 години. Бев потполно изгубена“ – ќе рече Сузан за тој период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Sarandon (@susansarandon)

Се случило вистинско чудо – по една кратка афера со италијанскиот режисер Франко Амури, Сузан забременила. Сите совети од страна биле дека треба да го абортира детето, за да не си ја „уништи“ кариерата. Но, Сузан решила да го задржи бебето и да биде самохрана мајка. Во 1985 се раѓа Ева, првата ќерка – чудо на глумицата.

Подоцна, од бракот со Тим Робинс, раѓа уште две деца – синовите Џек и Мајлс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Sarandon (@susansarandon)

„Кога дознав дека сум бремена, си помислив – ова ќе биде повеќе од занимливо“.

Му кажала на својот тогашен партнер дека ќе го задржи детето, а нему му оставила избор дали ќе сака да учествува во воспитувањето и израснувањето на Ева.

„Знаев дека морав да го родам тоа дете, затоа што сите лекари ми зборуваа дека не можам да раѓам, а детето се појави како чудо. Нормално, тоа значеше дека ќе ја родам. Никогаш не се покајав за тоа“ – вели актерката која е пример за храброст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот