ФОТО | Стартап од Далас е решен да ја оживее изумрената птица додо

Додо денес живее само во книгите, во витрините и во детските нотеси - Фотографија: Профимедиа

Амбициозна биотехнолошка компанија од Далас ќе се обиде да ја врати во живот птицата додо, изумрена во 17 век, откако целосно го декодирала нејзиниот геном.

Модел на птицата додо изложен на саемот Лулка на човештвото/Фото: ЕПА/Јон Хруса

Стартапот „Колосал биосаенсис“ привлекува инвеститори со најавите дека работи на целосно декодирање на геномите на легендарни изумрени животи, како волнениот мамут или тасманискиот волк. Работата со геномот на додото е завршена, но остануваат уште многу предизвици за да се врати во живот изумрената птица со впечатлив клун.

Следниот чекор е да се споредат гените со оние на сродните птици, како никобарскиот гулаб, за да се утврди „кои гени го прават додото додо“ – изјави Бет Шапиро, водечка генетичарка во проектот.

Потоа би се модификувале гените на сродните живи птици, со цел додо повторно да се врати во прашумите во Маврициус, каде што живееле пред да бидат истребени од луѓето.

Додо денес живее само во книгите, во витрините и во детските нотеси – Фотографија: Профимедиа

Компанијата „Колосал биосаенсис“ во изминатите две години доби 225 милиони долари за проектот „додо“ и сега има вредност проценета на 1,5 милијарда долари. Нејзината цел не е само да ги враќа изумрените животни, туку и да ги декодира геномите на што е можно повеќе видови и да спречи изумирање на загрозени животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот