Фото: Phantom of the flicks / Flickr / Wikimedia Commons

ФОТО | Стар, болен, изнемоштен, а сè уште убав: Испливаа последните фотографии од Ален Делон пред неговата смрт

Ќерката на славниот актер Анушка Делон на 13 јули сподели фотографии од својот славен татко, за кои се испостави дека се неговите последни.

Ален Делон со децении важеше за најубав маж на светот, а многумина веруваат дека токму таков бил до самиот крај на својот живот. Сега, во јавноста испливаа последните фотографии од славниот заводник, кои ги сподели неговата ќерка Анушка Делон, на 13 јули, не помислувајќи дека тие фотографии ќе му бидат последни.

Анушка го фотографирала својот татко додека фризерот и берберот му ги средувале брадата и косата, а на фотографииите се гледа дека убавината на славниот Французин им одолевала на годините и дека и покрај брчките и знаците на стареење, сепак, била мошне забележлива.

На прагот на 90-тата година од животот Делон сè уште бил појава, елегантен и убав.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Anouchka Delon

„Делон секогаш ќе биде Делон. Секогаш убав. Секогаш беспрекорен. Секогаш елегантен. Како добро вино. Вечно голем. (Колку ми е убав. И себеси си е убав. Објавено со негова согласност како и секогаш)“, напишала ќерката на Делон со фотографиите од својот татко.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Anouchka Delon

Ален Делон доживеа длабока старост, а почина вчера на 88-годишна возраст, три месеци пред својот 89-ти роденден. Во 2019 година преживеа тежок мозочен удар, по што повеќе не можеше да се грижи за себе. Тој се повлече од јавноста, а својата Анушка ја сакал најмногу од сите свои деца. Тој ѝ префрлил половина од своето богатство, што довело до „војна“ помеѓу неа и нејзините двајца браќа.

– Не сум јас виновна ако сум омиленото дете на татко ми. Му должам сè – рекла таа во една прилика.

Од друга страна, Ален Делон за својата Анушка вака зборувал:

– Никогаш никому не сум рекол „те сакам“ толку колку нејзе – изјави еднаш Ален Делон.

Животната приказна на Роми Шнајдер, големата љубов на Ален Делон, несреќната ѕвезда на 60-те години

Почина Ален Делон, легендата на француската и светската кинематографија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот