ФОТО: Стадионот во Диселдорф на кој ќе играат македонските ракометари подготвен за спектакл и историја

фото: принтскрин/instagram.com/ehfeuro/

Сѐ е подготвено за старт на 16 по ред Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари во Германија.

Најдобрата македонска репрезентација е во групата „А“ заедно со Франција, Германија и Швајцарија. Првиот меч избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го имаат на 10 јануари со почеток од 18.00 часот во Диселдорф.

А токму во „Меркур Шпил“ Арената, како што и најавија од Европската ракометна федерација (ЕХФ), ќе биде урнат светскиот рекорд за посетеност на ракометен натпревар.

Повеќе од 50,000 илјади билети се распродадени за првите два натпревари на ЕП кои ќе се играат на стадионот „Меркур Шпил-Арена“ во Диселдорф: Франција – Македонија (18.00 часот) и Германија – Швајцарија (20.45 часот).

Нашата селекција следните два меча од прелиминарната фаза ќе ги игра во „Мерседес-Бенц Арена“ во Берлин, на 14 јанаури против домаќинот Германија од 20.30 часот, и на 16 јануари против Швајцарија од 18.00 часот.

Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот