Стево Пендаровски во Шведска
Пендаровски истакна дека нивниот ангажман е позитивен пример и дека придонесуваат кон унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Шведска / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

ФОТО | Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Гетеборг оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз, соопшти Кабинетот на претседателот.

На средбата, македонските иселеници го запознаа претседателот Пендаровски со досегашните активности за зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција, како и за интеграцијата во шведското општество и социјално-културниот развој во рамките на друштвата и на клубовите.

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, изразувајќи поддршка за натамошните активности во оваа насока, претседателот Пендаровски истакна дека нивниот ангажман е позитивен пример и дека придонесуваат кон унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Шведска.

Македонскиот сојуз во Шведска е најголемата асоцијација на македонските иселеници во Скандинавија составена од 11 македонски друштва и клубови.

ФОТО: Пендаровски во Шведска користи јавен транспорт, се возеше во воз и проба локален специјалитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот