(ФОТО) Совеста е најголемата казна, се вели во пресудата за сообраќајката кај „Млечен“

Оштетената Наташа Димитриевска ја прими писмената пресуда за кобната сообраќајка од пред две години кај Млечен ресторан, кога таа го загуби плодот, а згасна животот и на нејзиниот сопруг, Гоце Димитриевски.

Сторителот на сообраќајката доби условна затворска казна од две години, доколку во наредните пет години не направи ново кривично дело, бидејќи ја признал вината. Обвинителството пак делото го оквалификува како дело од небрежност, а не со умисла.

Судијката Елена Јосифовиќ, изрекувајќи ја пресудата ги зела предвид и олеснителните околности што ги потврдила и обвинителката Снежана Бундалевска.

– Јавниот обвинител во завршен збор наведе дека Обвинителството ја цени искрената изјава, волја и морален кредибилитет на обвинитетиот по однос на виноста за кривичното дело, кое го прифати во целост со сите конституивни обележја да се изјасни со признание и да изрази жалење и каење за сообраќајната незгода и последиците коишто произлегле од истата. Го истакна фактот дека се работи за лице коешто досега во судир со законот не дошол, дека постојат и одредени здравствени проблеми кои ги потврдил со приложена медицинска документација, неговото каење, фактот дека се работи за небрежно кривично, а кои ги претставуваат неколкуте олеснителни околности кои стојат на страна на обвинетиот, се вели во пресудата.

Во образложението се потенцира и дека од морален аспект најголемата казна што ја доживеал обвинетиот е совеста, која независно каква казна ќе му биде одмерена, ќе го пратела цел живот.

Претходно оштетената Наташа Димитриевска, поднесе пријава до Судскиот совет за работата на судијката Елена Јосифовиќ, констатирајќи дека пресудата била пристрасна. Пријава беше поднесена и за обвинителката Снежана Бундалевска, бидејќи, како што тврди оштетената, таа не била професионална, не ги прибавила сите документи во полза на обвинението и го оквалификувало како дело од небрежност. Од Советот на јавни обвинители се уште немаат соопштено кога ќе се разгледува пријавата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот