ФОТО| Со новогодишната елка во Њујорк допатувал и скриен був: Запознајте го Рокфелер!

Instagram

Работниците кои поставувале новогодишно дрво во центарот Рокфелер, откриле минијатурен був скриен во неговата крошна, кој патувал заедно со дрвото до Њујорк цели три дена, минувајќи 270 километри.

Малата птица, на која ѝ го дале името Рокфелер е возрасен мажјак од видот минијатурен був.

Instagram
Instagram

Рокфелер од долгиот пат бил дехидриран и гладен, но без повреди, изјави менаџерот на центарот за диви животни во Равенсберд, Елен Калис.

Птицата била донесена во засолниште во Согертис, Њујорк, по укажаниот ветеринарен преглед.

Instagram
Instagram

На птицата и било дадена потребната количина храна и вода за да се опорави од истоштеноста и прегладнетоста, а центарот планира да го ослободи Рокфелер викендов откако ќе го добие соодветниот третман.

Норвешка смрека висока 23 метри била доставена од Ононта во Њујорк во саботата. Социјалните медиуми не ја дочекаа елката со ентузијазам поради лошата крошна, а некои заклучија дека нејзиниот тажен изглед соодветно го означува крајот на годината, која беше особено тешка година и треба да се заборави што е можно побрзо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот