Леонид Лео Радвински - Фото: Икс/Variety

ФОТО | Со денови се криела мистериозната смрт на Радвински, милијардерот-сопственик на „ОнлиФенс“

Леонид Лео Радвински, контроверзниот сопственик на платформата ОнлиФенс, починал во 43-тата година од животот, но веста за неговата смрт била чувана во строга тајност со денови пред да биде објавена во медиумите. Како што откриваат негови блиски соработници за американските медиуми, смртта на милијардерот не било изненадна бидејќи тој некое време се борел со сериозна болест.

„Беше мртов со денови пред светот да дознае“

„Инсајдерите знаеја дека Радвински има проблеми, па компанијата беше целосно подготвена за неговото заминување. Тој почина неколку дена пред медиумите да дознаат, за да нема прекини во работењето на бизнисот“, изјави Енди Бахман, извршен директор на компанија која тесно соработува со креаторите на содржини за возрасни.

Милијардер кој бегаше од јавноста

Иако ја изгради една од најпопуларните платформи на планетата, Радвински живееше во екстремна изолација. Постои само една негова јавна фотографија, а ѕвездите на ОнлиФенс кои му донесоа милијарди, признаваат дека никогаш го немаат сретнато, ниту разговарано со него.

Пред смртта, тој живеел во луксузен стан од 550 квадрати вреден 19 милиони долари во Мајами, сместен во зграда која наликува на тврдина со приватни лифтови и обезбедување 24/7, со цел никој да не може да види кој влегува и излегува.

Хуманитарец со милијарди од порноиндустријата

Зад овој тивок милијардер остана сопругата Јекатерина „Кејт“ Чудновски, позната адвокатка и филантроп. Иронично, додека неговото богатство доаѓаше од контроверзната платформа, тој и неговата сопруга донирале неверојатни 23 милиони долари за истражување на ретки видови рак и генетски болести.

Радвински ја трансформираше порноиндустријата со тоа што на креаторите им овозможи да задржат 80 отсто од заработката. Само од 2021 до почетокот на 2025 година, тој исплатил дури 1,8 милијарди долари дивиденди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот