ФОТО | Снаата на Бекамови слави роденден: Викторија испрати честитка до Никола Пелц

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Викторија Бекам на Инстаграм сподели досега необјавена фотографија на која слатко се смеат со снаата Никола Пелц, која денес полни 28 години.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Модната дизајнерка во објавата ѝ честиташе роденден на сопругата на својот најстар син Бруклин и напиша:

„Ви посакувам прекрасен ден“, што ги збуни нивните многубројни фанови, бидејќи се шпекулираше дека Викторија и Никола се во лоши односи.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Гласините за расправија се разгореа во текот на празничната сезона кога Никола и Бруклин го поминаа Божиќ одвоени од Бекамови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Исто така, минатата година странските медиуми пишуваа за тензиите меѓу дамите кои наводно настанале затоа што Никола е љубоморна на вниманието кое го добива Викторија, поради што ја исклучила од подготовките за свадбата која се одржа во април.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

„Никола не сакаше нејзината идна свекрва да има никаква врска со планирањето на свадбата и не сакаше да ја вклучи во ништо. Комуникацијата беше минимална“, рекол изворот, додавајќи дека ниту Викторија ниту Дејвид Бекам многу разговараше со Бруклин во изминатите неколку месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот