ФОТО | Сметка за ќебапи од хрватското крајбрежје го шокираше регионот

Фото: Профимедиа

Од Трогир повторно доаѓа нова шокантна сметка за угостителство, еве колку чинат средни ќебапи и помфрит.

Во морето на големи поскапувања, сега со високите цени уште повеќе шокираат угостителите.

Во последните денови најмногу внимание привлекува Трогир во Хрватска. Од тој убав далматински град, како што неодамна објави „Слободна Далмација“, пристигнале две големи изненадувања за тамошните цени во угостителски објекти.

Најпрвин еден гостин платил седум евра за тоник, а потоа од кампот Сегет Врањица пристигнала можеби уште поголема сметка, за кафе со млеко, која гостинот ја платил 4,50 евра.

А од Трогир, друг гостин ја контактирал „Слободна Далмација“ кој одлучил да се почести со ќебапчиња кај трогискиот пазар. Таму, пишува тој, средни ќебапи чинат 6,5 евра, а помфрит 4 евра. Што значи дека тој оброк без пијалаци го чинел 10,5 евра, без бакшиш за келнерот.

Гостинот бил толку изненаден што не стигнал да ја фотографира сметката, но го фотографирал ценовникот како доказ за своите тврдења. Гостинот од Трогир пресметал и дека порастот на цените од лани е од приближно 40 отсто за ќебапите и 50 отсто за помфритот, пишува „Слободна Далмација“.

Сметката, односно ценовникот можете да го погледнете ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот