ФОТО | Скарлет Јохансон негира стари гласини за секс во лифт со Бенисио Дел Торо
Актерката Скарлет Јохансон која беше двапати номинирана за Оскар, официјално ги демантираше старите гласини дека некогаш имала секс во лифт со колегата Бенисио дел Торо – иако не го именуваше.
Препорачано
Пред неколку години, 37-годишната холивудска ѕвезда беше предмет на гласини дека имала секс во лифт со актерот Бенисио Дел Торо по доделувањето на Оскарите.
„Тоа беше гласина што ме следеше долго време“, ја започна својата исповед Јохансон во подкастот „9 to 5ish“ и продолжи: „Но, секогаш мислев дека тоа е невозможно. Тоа би било тешко. Па, многу кратко трае, логистички ми изгледаше непривлечно. Јас сум тип на човек кој се плаши да не биде фатен како прави нешто што не треба да го прави. Така што приказната ми изгледаше уште поапсурдна.
Гласините за секс во лифтот наводно настанале поради интервјуто што 55-годишниот Бенисио го дал за „Esquire“ и се однесувал малку срамежливо.
„Дали некогаш сум имал секс во лифт со Скарлет Јохансон по церемонијата на доделување награди?“ Бенисио дел Торо го повторил прашањето.
Scarlett Johansson DENIES ‘absurd’ rumor that she once had sex in an elevator with Benicio del Toro – https://t.co/wdQ8sCNc71#News pic.twitter.com/0PPXm6NxEd
— 234????? ? (@my234Radio) April 13, 2022
„На некој начин, знаеш, јас, па… не знам. Да оставиме на нечија имагинација. Да не го промовираме. Сигурен сум дека вакво нешто се случило и порано. Можеби ова не е последнен пат“, нејасно одговори познатиот актер. „Шато Мармонт има само осум ката. Сè уште ќе се мачев сo мојата кожна јакна до вториот кат и не би ја соблекол ни кошулата до седмиот“.
ФОТО | Викторија Бекам на свадбата на синот носеше детаљ вреден скоро 200 милиони денари


