Фенербахче/Fenerbahçe Beko

ФОТО: „Сите вие сте турски синови“ – навивачите на Фенербахче одговорија на провокацијата од „Гробари“

Навивачите на Фенербахче на синоќешниот натпревар од Евролига против Партизан возвратија со провокативна кореографија, како одговор на случувањата од првиот меѓусебен дуел сезонава во Белград.

На трибината кај ултрасите на турскиот гигант беше поставен транспарент со илустрација инспирирана од „Косовската битка од 1389 година“, проследена со порака на српски јазик: „Сите сте вие турски синови“. Потегот предизвика бројни реакции, особено ако се има предвид контекстот од ноември минатата година.

Да потсетиме, тогаш приврзаниците на Партизан истакнаа кореографија со ликот на Милош Обилиќ како го убива османлискиот владетел Мурат. Случајот доби и дисциплинска разрешница од раководството на натпреварувањето.

Партизан беше казнет со 40 илјади евра, како и со условна мерка, намалување на капацитетот на салата на 80 проценти за еден домашен натпревар, со затворање на одредени сектори.

Што се однесува до самиот меч, Фенербахче во драматична завршница успеа да слави со 81-78 и да дојде до значајна победа пред својата публика.

ВИДЕО | Евролига: Партизан немаше среќа, Фенербахче до победа во неизвесна завршница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот