ФОТО | Сите погледи вперени во нив: Кристијан Бејл и неговата сопруга со српско потекло видени во јавност по долго време
Холивудската ѕвезда Кристијан Бејл беше фотографиран со својата сопруга Сиби Блажиќ, која е по потекло од Србија, по долго време. Тие присуствуваа на модната ревија на „Долче и Габана“ во Рим со своите деца.
Препорачано
Папараците ги „уловија“ пред самата ревија. Парот беше модно усогласен. Сиби за оваа пригодата избра тесен црн фустан украсен со чипка, а тој класично црно одело. На овој моден настан присуствуваа и нивните деца: 20-годишната ќерка Емелин Лука и 10-годишниот син Џозеф.
View this post on Instagram
Инаку, двојката се венча во 2000 година во Лос Анџелес. Сиби, чие целосно име е Србослава, е американски агент и поранешен модел со српско потекло, чиј татко Слободан и мајка Надежда емигрирале во Америка од Белград кон крајот на 1960-тите. Таа претходно работеше како асистентка на Винона Рајдер. Тие се запознаа благодарение на оваа позната актерка. Блажиќ претходно работеше и како шминкерка, а има и искуство како каскадерка.
Таа и Бејл ја чуваат својата приватност подалеку од очите на јавноста, па ова нивно заедничко појавување е вистинска реткост.
ВИДЕО | Били Ајлиш раскинала со своето момче поради Кристијан Бејл


