ФОТО | Сирена за узбуна во Битола: Состојбите во болницата се повеќе од алармантни

Фото: Слободен печат

Денеска пред Клиничката болница во Битола се одржа третиот протестен митинг во знак на протест поради ненадејната смрт на шестгодишната Јана Христовска и на новороденчето кое почина кусо по раѓањето.

Откако со пуштање на сирената за аларм, со која симболично беше прогласена узбуна за состојбите во Битолската болницa, и со едноминутно молчење им беше оддадена почит на малата Јана и новородечето, организаторот на протестот Игор Петковски рече:

„И покрај тоа што помина толку време од смртта на Јана, сѐ уште не се утврдени причините, од што почина Јана. Обдукцијата сѐ уште не е завршена, што ни дава за право да се сомневаме дека нешто не е во ред. Нам ништо не ни значи оставката на директорот на болницата. Надлежните здравствени служби досега не ги контактирале ниту родителите на Јана, ниту нас. Ние Јана не можеме да ја вратиме меѓу живите, но нема да се откажеме додека не се утврди вистината за нејзината смрт. Постојано добиваме информации од странски лекари коишто се врвни медицински стручњаци и даваат нивни видувања за смртта на Јана“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот