ФОТО: Силниот ветер откорна огромно дрво во Карпош – Надоаѓа ли невремето што ги зафати Хрватска и Србија?

Денеска времето во Македонија е променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Во Скопје и околината времето е променливо облачно со умерен ветер од северен правец.

Како што најави метеорологот Славчо Поповски во денешното издание на Утрински брифинг,  повремено ветерот засилува на интензитет, а попладнево се засили доволно за да откорне дрво во скопската населба Карпош.

Погледнете ги фотографиите:

Фото: Илинка Иљоска – СП.
Фото: Илинка Иљоска – СП.

Инаку, деновиве на Балканот се чувстува студениот бран што викендот ја зафати Хрватска, а веќе денеска и соседна Србија.

Како што пишува метеорологот Ѓорге Ѓуриќ, до крајот на неделата во Србија се очекува да преовладуваат зимски температури и снежни покривки, особено на повисоките места.

„Значи, до крајот на оваа недела нè очекува вистински зимски температури кои ќе бидат за околу 5 степени пониски од просекот за средината на март. Циклоните ќе бидат одговорни за студеното време над Србија, регионот, но и поголем дел од Европа, кои ќе се движат низ југот на Европа, Медитеранот и Источна Европа и ќе предизвикаат ладни воздушни маси да надоаѓаат од север, додека над западна Европа и Атлантикот надоаѓа силен антициклон што носи суво време.

ВИДЕО: Патиштата во Хрватска блокирани од снег, повеќе сообраќајки на автопатот Риека-Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот