ФОТО | Шведската секс-бомба оди на Евровизија за да си го исполни сонот
Шведската манекенка, водителка, актерка и пејачка Викторија Силвстет, поранешна Мис на Шведска, најави дека ќе се бори за своето место на Евровизија 2025 година.
Препорачано
Познатата Викторија рече дека ќе се натпреварува на „Мелодифестивален“, заедно со уште 29 натпреварувачи и додаде дека се надева дека ќе добие уште една можност да ја претставува својата земја на големо натпреварување и дека тоа ќе се случи токму на Евровизија 2025 година.
Таа ќе ја изведе својата песна „Love It!“ во полуфиналето на „Мелодифестивален“.
View this post on Instagram
Полуфиналето е закажано за 1 март 2025 година. Доколку го помине овој круг, ќе се појави во финалето на 8 март.
“Какво остварување на сон. Сè уште не можам да верувам дека ќе учествувам на Мелодифестивален. Ќе биде многу забавно, но ќе биде потребно многу време и пот за да се оствари како што треба”, напиша таа на Инстаграм.
Викторија се прослави во 1993 година откако беше избрана за претставничка на изборот за Мис на светот, каде што заврши во топ 10. Во тој период ја забележал и Хју Хефнер, па станала една од зајачиците на Плејбој. За време на нејзината манекенска кариера, таа соработуваше со голем број познати брендови, меѓу кои Шанел, Диор и Валентино.
Да потсетиме, Евровизија ќе се одржи во Базел, Швајцарија во 2025 година.


