Фото: Слободен печат/Методи Здравев

ФОТО | Што ли Червар го советува Лазаров?

Ракометниот крем вчера се собра во Скопје за да го прослави јубилејниот 20. роденден на „Спортско радио“. Меѓу големите ракометни имиња кои присуствуваа на свеченоста беа и селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров  како и некогашниот тренер на Металург и поранешен селектор на македонската репрезентација, Лино Червар.

Легендите на сцена Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Двете ракометни легенди Лазаров и Червар, успешно соработуваа во хрватскиот шампион Загреб, каде што Лазаров го имаше своето прво интернационално искуство како играч.

Подоцна, нивните патишта се вкрстија повторно, овој пат во националниот тим на Македонија, кога Червар ја презеде селекторската улога.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот