ФОТО | Се шири лажна вест дека починала Калиопи: Пејачката вознемирена бара реакција од надлежните
Познатата македонска пејачка Калиопи преку социјалните мрежи предупреди дека се шири лажна вест за нејзината смрт.
Препорачано
Имено, пејачката ја објави лажната вест на која покрај монтирана фотографија од болница се вели дека таа починала од циста на мозокот и срцев удар.
Калиопи видно вознемирена побара реакција од надлежните органи и упати порака до сторителите на овој нечовечен чин.

„Секогаш тврдев дека не постојат добри и лоши луѓе, туку дека постојат луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечен чин, поведена е пријава и постапка до надлежните органи.
Се случувале и во минатото разни злоупотреби на моето име, но оваа морбидност ги надмина сите претходни манипулации.
Дали вие нелуѓе, креатори на овие лажни вести, сте свесни дека можеби мојата мајка, сестра, брат можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот.
Упатувам апел до одделот за компјутерски криминал при министерството за внатрешни работи, да преземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби“, напиша таа покрај фотографиите од лажната вест.

Интервју со Калиопи: Му верувам на бракот, но повеќе преферирам да сум вљубена


