ФОТО | Се ожени јутјуберот Стефан Лазаров: Традиционални обичаи, бели гулаби пред црква

Фото: Instagram/ _lazarovv

По седум години љубов, се ожени јутјуберот Стефан Лазаров со својата девојка Марта. Двојката се венчаше во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде во име на љубовта ги пуштија и белите гулаби.

Фото: Instagram/ _lazarovv

Според фотографиите кои среќниот младоженец ги сподели на својот Инстаграм профил, на венчавката и претходеше цела традиција. По невеста се одеше со тапани и знамиња, во чевелот се ставаа пари, а имаше и туркање на врата.

Фото: Instagram/ _lazarovv

Невестата избрала елегантна и модерна венчаница, а Стефан беше дотеран во елегантен црн костум.

Фото: Instagram/ _lazarovv

Забавата продолжи во росторанот „Рагуза 919“, каде младоженците го изиграа својот прв свадбен танц на песната „Can’t Help Falling In Love“ од Елвис Присли.

Фото: Instagram/ _lazarovv

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот