ФОТО | Се насладиле: Мечки упаднале во комбе и им ги изеле крофните на војниците во Алјаска

Фото: Pexels

Две мечки упаднале во комбе со крофни, кое биле паркирано пред продавница во воена база на Алјаска.

Возачот обично не ја заклучувал вратата кога застанувал пред продавницата за да ги испорача крофните, но овој пат во возилото пристигнале непоканети гости.

Имено, мечката и едно од нејзините младенчиња ја доживеале отворената врата како „покана“ да влезат во комбето и да се почестат со крофните.

„Тие останаа во автомобилот најмалку дваесет минути“, изјави Шели Дино, менаџерка на продавницата во заедничката воена база Елемендорф – Ричардсон.


Мечките јаделе од крофните и ги игнорирале обидите на вработените да ги избркаат од возилото, раскажа Шели Дино, а сподели новинската агенција „Асошијетед прес“.

„Удрив по комбето, а тие не ни мрднаа. Слушнав како отвораат пакети и сѐ. Добив впечаток дека воопшто не им е грижа“, рече таа.

Бидејќи мечките немале намера да излезат од возилото, било повикано обезбедувањето во воената база и биле вклучени сирени за да ги исплашат животните, раскажа менаџерката.

Мечките на крајот излегле од комбето, душкале околу продавницата и се упатиле кон шумата.

Инаку, не било невообичаено да се видат мечки во оваа воена база, а и околу продавницата, но вакво нешто не се случило досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот