ФОТО | Се мажи најславната богата наследничка: 11 венчаници, прстен од 2 милиони долари, а колку ќе чини целата венчавка?!

Profimedia
Profimedia

Деновиве Парис Хилтон е прилично возбудена бидејќи се ближи 11 ноември – денот на нејзината венчавка. А, како ќе изгледа прославата на познатата наследничка на империјата Хилтон?

Богатата и нескротлива наследничка ќе го изговори судбоносното „да“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Како што можеше и да се претпостави, работите се менуваат од час во час, па Парис неодамна, само една недела пред свадбата, ја променила локацијата. Веројатно тоа било кошмар за организаторите, но желбите на невестата се над сѐ.

Имено, се испоставило дека Парис сака венчавката да биде на имотот на нејзиниот покоен дедо Барон Хилтон во Бел Ер.

Притоа, свадбата всушност ќе трае три дена, но засега не се знае каде сѐ точно ќе се одржува, па гостите се малку збунети. За вториот ден како локација се споменува Санта Моника. 

Светските медиуми наголемо пишуваат дека Парис всушност ќе носи 11 венчаници.

Едноставно, тоа ѝ се вклопува со датумот на венчавката – 11.11., па зошто тогаш да не носи и толку венчаници.

Првиот избор е креација на брендот „Валентино“, а во игра е и „Оскар де Ла Рента“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Инаку, Парис и нејзиниот свршеник Картер Реум се свршија во февруари по една година врска. Картер ја запроси Парис со прстен вреден 2 милиони долари.

Овој милионер, за кој се вели дека не го сака медиумското внимание, ја запроси Парис со прстен дизајниран од Жан Дусе, правнук на славниот Луј Картие.

„Реков „да“, засекогаш. Не постои никој друг со кој би сакала да бидам засекогаш“, напиша Парис откако беше запросена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Сите се прашуваат: Колку ќе чини целата велелепна венчавка?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот