Фото: Скриншот/Фејсбук

ФОТО | Сашко Коцев за првпат ја покажа ќерката Јоана, таа е копија на мајка си

Сашко Коцев за првпат во јавноста ја покажа ќерката Јоана, која во октомври ќе наполни 9 години.

„Првпат заедно пред филмската камера“, напиша популарниот актер на Фејсбук и објави видео со ќерката, со која сними реклама за банка.

На видеото се гледа дека Јоана го има наследено актерскиот талент од татко ѝ. Таа одлично се снаоѓа во својата улога, а видеото со таткото и ќерката е многу симпатично.

Јоана, ќерката на Сашко Коцев / Фото: Скриншот/Фејсбук

Во една прилика, за „Слободен печат“, Сашко Коцев зборуваше какво дете бил тој.

„Морам да признаам дека бев прилично срамежлив како дете, но еве како сум го потиснал тој срам – со тоа што се качив на сцената, на даските што живот значат“, рече актерот. За својата ќерка, тој додаде: „Верувајте, многу се радувам на ситници, еве на играчките на Јоана понекогаш јас повеќе се радувам“.

Коцев е оженет со докторката Смиљана Бундевска во септември 2012 година, откако во февруари, на оригинален начин, ја побара за жена на манифестација пред целата публика во Универзалната сала. На видеото кое го објави со нивната ќерка може да се забележи дека таа личи на мајка си.

Фото: Сашко Коцев/Фејсбук

Сашко Коцев ретко објавува слики од својата сопруга на социјалните мрежи, а една од фотографиите на неговиот Фејсбук-профил со неа има убав повод. Сашко и Смиљана се фотографирани на проекцијата на филмот „Бал-кан-кан“ од режисерот Дарко Митревски, по повод 20 години од снимањето на филмот, лани во август.

Во Скопје тогаш се одржа специјална проекција со која се одбележаа две децении од снимањето на овој култен филм, а Сашко Коцев и неговата сопруга изгледаат многу среќни на фотографијата од настанот.

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Сашко Коцев: Колку повеќе си дете, толку повеќе си уверлив и на филмското платно и во театарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот