ФОТО | Сан Франциско прогласен за најдобар град во светот за 2021 година: Погледнете ја топ-листата
Титулата за најдобар град во светот ја понесе Сан Франциско, според анкетата на компанијата за медиуми и забава „Тајм-аут“. Тие направија листа на најдобри градови во светот во 2021 година, која се темели на мислењето на 27.000 анкетирани жители.
Во текот на истражувањето, биле рангирани ноќниот живот, рестораните и културните настани во секој град, како и чувството на заедница во секој град, што, според нив, е особено важно во пандемијата. Во истражувањето се вклучени и еко-иницијативите на градовите, посветеноста кон активизмот во градот, како и љубезноста и гостопримливоста на градот.
„Тајм-аут“ вели дека „ненадминливата комбинација на прогресивност, прифаќање и одржливост“ го стави Сан Франциско на првото место.
Овој град исто така го пофалија и поради неговиот одговор на пандемијата, бидејќи има и една од највисоките стапки на вакцинирани во САД. И среде карантинот, граѓаните најдоа начин да останат поврзани, а градските улици во моментов се налик на една голема забава на отворено.
На листата на 10-те најдобри градови во светот според истражувањето на оваа компанија се и Амстердам, Манчестер, Копенхаген, Њујорк, Монтреал, Прага, Тел Авив, Порто и Токио.
АМСТЕРДАМ
Фото: Профимедиа
МАНЧЕСТЕР
Фото: Flickr
КОПЕНХАГЕН
Фото: Flickr
ЊУЈОРК
Фото: Wikimedia/commons
МОНТРЕАЛ
Фото: Wikimedia/commons
ПРАГА
Фото: Wikimedia/commons
ТЕЛ АВИВ
Фото: Wikimedia/commons
ПОРТО
Фото: Wikimedia/commons
ТОКИО
Фото: Pixabay