ФОТО: Ружица М. Брчиоска од групата „Ареа“ го прослави својот 53 роденден

facebook

Познатиот вокал од групата „Ареа“, пејачката Ружица Милошеска Брчиоска која ги испеа големите хитови „Сите мои слики“, „Одведи ме“, „Нешто недостасува“ кои сите ги знаеме наизуст, вчера го прослави својот 53 роденден.

Роденденот, поради пандемијата на коронавирусите Ружица го прославила во домашна атмосфера, само со најблиските.

Таа на својот фејсбук-профил со своите обожаватели и пријатели сподели неколку фотографии под кои се нижеа бројни коментари со убави желби.

Колку сме, токму сме. Нека ми е среќен роденденот“, напиша Ружица во описот на фотографиите на кои позира со својот сопруг, ќерката Елена и нејзината мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот