Сашко Коцев со сопругата / Фото: Приватна архива

ФОТО | Ретка заедничка слика од Сашко Коцев со сопругата, таа му е најголема поддршка

Актерот Сашко Коцев со сопругата Смиљана Бундовска завчера дојде на премиерата на претставата „Страв и надеж“ во Македонскиот народен театар, во која тој ја игра една од главните улоги.

Иако често е под светлата на рефлекторите, Сашко овојпат имаше посебна поддршка од публиката – неговата сопруга. Двојката, која важи за една од најхармоничните на нашата јавна сцена, се појави во одлично расположение.

Бундовска дојде за да го поддржи својот сопруг во најновиот професионален предизвик, а по претставата се дружеа со пријателите и со колегите на коктелот.

Фото: Фејсбук/МНТ

Претставата е направена по текст на Франц Ксавер Крец, еден од најизведуваните живи германски драмски автори, чија комплексност се мери со делата на Бертолт Брехт. Претставата ја потпишува наградуваната белградска режисерка Татјана Мандиќ Ригонат, препознатлива по бескомпромисен театарски јазик.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

„Страв и надеж“ е драмска партитура составена од повеќе сцени, кои варираат околу една централна состојба: современиот човек турнат до работ на егзистенцијата. Ликовите живеат под притисок на невработеност, страв од губење работа, чувство на пониска вредност и постојана несигурност.

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Сашко Коцев: Колку повеќе си дете, толку повеќе си уверлив и на филмското платно и во театарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот