ФОТО РЕПОРТАЖА ОД ТУРЦИЈА: На врвот на Олимп!

Фото: Слободен печат/Михаило Донев

Ако патувате во Анталија, Турција и сте човек со истражувачки, но и авантуристички дух, тогаш Античкиот град Олимпос, кој бил дел од областа Ликија, би бил идеално место за вас.

Овој град се наоѓа на морскиот брег, близу до Сирали, Кумлуца, на 70 километри од Анталија, на јужната страна од планината Тахтали, а бујното зеленило и суптропските клими го прават Олимпос турскиот обид за Тајланд.

Со својата хипи атмосфера, сместување во куќи на дрвја и плажи покрај антички урнатини, можете да добиете вкус на пламенот на вечна младост.

„Слободен печат“ имаше прилика да го искуси овој хипи дух, да научиме малку историја, да уживаме во убавините на една епска плажа, но и да стигнеме со жичница до врвот на Ликијскиот Олимп.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Вгнезден меѓу природната позадина на медитеранскиот брег на провинцијата Анталија, Олимп е боемско светилиште полно со бунгалови на дрвосади и урнатини на Ликија, па ако сте во потрага по авантура и еден одмор за паметење, тогаш дефинитивно ова е местото за вас.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Кога ќе се упатите кон плажата најпрво ќе здогледате фасцинантни куќички на дрвја, а поради својата природна и исторска важност, оваа област е под заштита што ја прави земен рај.
Оваа заштита значи дека тоа се одмаралишта без луксузни хотели, но слатки мали колиби и куќи од дрва наместо нив.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Се тоа e претставено во хипи стил, со луѓе кои овде живеат, ги издаваат тие колиби, произведуваат најразлични глинести и секаков вид на други предмети, ќе се запознаете со една поинаква култура, а и веднаш ќе добиете желба да останете овде, барем на неколку дена.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило
Фото: Слободен печат/Донев Михаило
Фото: Слободен печат/Донев Михаило
Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Кога ќе останете воодушевени од волшебните куќички, доаѓате речиси пред самата плажа, ќе поминете низ остатоците од некогашниот антички град Олимпос, но интересно е тоа што тоj претставувал огромен град и еден од најважните на античката цивилизација на Ликијците во минатото и има значајно место во поморската трговија.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Како што можевме да слушнеме од локалниот водич, ниту историчарите не се сосема сигурни за точниот датум кога градот е основа, но она што може да се потврди е дека датира од Хеленистичкиот период.

Како еден од шесте градови со право на глас во Ликијската лига, Олимпос имал огромно значење и статус, но позицијата покрај крајбрежјето, исто така, овозможувала често да биде мета на напади од страна на пирати. 

Фото: Слободен печат/Донев Михаило
Фото: Слободен печат/Донев Михаило

На крајот, Ликијската лига била апсорбирана во Римското Царство и Олимпос паднал под нивна сопственост, пред да биде напуштен во текот на 15 век.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило

И откако научивме дел од историјата на градот, ја почувствуваме хипи културата, дојде ред да ја почувствуваме и убавината на навистина прекрасната плажа и да се разладиме во море, по што се впуштивме во уште една незаборавна авантура.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило
Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Наоѓајќи се веќе далеку од центарот на градот во Анталија и освежени од водите на Средоземното море, во буквална смисла го исполнивме сонот на секој човек, а тоа е да се стигне до врвот на Олимп, овојпат со помош на жичница до самиот врв на Ликијскиот Олимп, на 2,365 метри надморска височина.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Додека се возите по жичницата уживате во убавините на планината Тахтали, го гледате морето и имате неверојатно енергија, но доколку се одлучите на ова, препорачливо е да си земете јакна, бидејќи температурата на врвот изнесува 10 степени Целзиусови!

Фото: Слободен печат/Донев Михаило
Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Патувањето до врвот на планината трае приближно 10 минути и нуди фантастичен поглед во текот на турата, од пошумени планини до снежни падини во зима.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило
Фото: Слободен печат/Донев Михаило

На платформата имате и ресторан, каде можете да се опуштите, да пиете кафе и да уживате во неверојатни глетки, а доколку сакате искуството да биде комплетно, можете да се одлучите и за параглајдинг или банџи-скокање! 

Фото: Слободен печат/Донев Михаило
Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот