ФОТО | Реакции на Островот поради дресот на Англија за Европското првенство

Фото: ЕPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Риши Сунак истакна дека не му се допаѓа тоа што на новиот дрес на Англија променет е дизајнот на крстот на дресот на „Гордиот Албион“.

Компанијата „Најк“ ги дизајнираше дресовите на репрезентацијата на Англија за претстојното Европското првенство, место традиционалната црвено-бела боја крстот е офарбан во светло сина и виолетова боја.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Навивачите, бројни политичар и сегашни спортисти истакнаа дека се против таквата промена, меѓутоа според информациите на „Би-Би-Си“ во Фудбалскиот сојуз на Англија немаат намера да го менуваат дресот.

„Кога во прашање се знамињата и националните обележја дизајнерот не би требало да се меша, тие треба да бидат такви какви што се“, изјави „Сунак“ за „Би-Би-Си“.

Од американската компанија истакнаа дека боите се инспирирани од комплетот за тренинг кој го носеа репрезентативците на Англија во освојувањето на Светското првенство во 1966 година.

Дел од политичарите на Островот исто така бараа и да се намали цената на дресовите. Цената на оригиналниот англиски дрес изнесува 124.99 фунти, додека за деца е 119.99 фунти. Европското првенство ќе се одржи од 14. јуни до 14. јули во Германија, а Англија ќе игра во групата „Ц“ со Словенија, Данска и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот