ФОТО: Расте граѓанскиот отпор против изградба на хидроцентрали на Дошница, блокиран патот и од страната на Кавадарци
Се проширува блокадата на патиштата кои водат кон реката Дошница на планината Кожуф, по зголемениот отпор против изградба на мали хидроцентрали на Дошница.
Препорачано
Активистите објавија дека сега е блокиран и патот од страната на Кавадарци.
„Во Гевгелија сме распоредени на неколку клучни локации и блокираме сите патишта кои водат кон нашата река. На сите одговорни им порачуваме: СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!“ порачаа од граѓанската иницијатива“ се вели во објавата.
Велат дека нема да се тргнат и да попуштат сè додека не се поништи дозволата за уништување на Дошница и не се повлечат сите машини од реката и планината.
Владата ја одложи изградбата на хидроцентралите за една година, што предизвика реакции во јавноста зашто не е укината целосно. Активисти и организации од цела Македонија секојдневно се собираат на местото викано Смрдлива Вода во знак на протест против најавата за изградба на хидроелектрани.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
25мин
-
52мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


