ФОТО | Првпат по смртта на Балашевиќ неговиот син сподели заедничка фотографија: „Кога станува збор за тебе, нема тага, ниту жал“

Instagram
Instagram

Синот на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса Балашевиќ, на својот инстаграм – профил за прв пат по смртта на неговиот татко сподели нивна заедничка фотографија.

На едната од фотографиите е и неговата мајка Оливера.

„Кога станува збор за тебе, нема тага , ниту жал … Само среќа и вечност. Едноставно е … “, напиша Алекса покрај фотографијата.

Instagram
Instagram

Бројните фанови на Балашевиќ не останаа рамнодушни на оваа објава, а под фотографијата се редеа бројни коментари

Минатата година, Алекса раскажа за големата љубов на татко му и мајка му и истакна колку е горд на фактот дека е нивно дете.

„Денес е премногу лесно да се биде славен, и јас не сум само дете на славни родители, туку дете на големи луѓе. Божествени. Уметничка династија. Глобални власти“, изјави тогаш Алекса во интервју за српски Hello.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот