Фото: Инстаграм

ФОТО | Прво соопштение од тимот на Даниел Кајмакоски: „Пејачот храбро се соочил со киднаперите“

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски ноќеска бил киднапиран во близина на Бетон хала во Белград, потврди неговиот претставник за односи со јавноста, Миланка Рашиќ. Како што се наведува во официјалното соопштение, Кајмакоски е во добра здравствена состојба, ноќта ја поминал во полиција, а утрово е пуштен дома.

Според досегашните информации, непознати сторители, за кои се сомнева дека се странски државјани, го врзале и го одвеле пејачот во неговиот автомобил, барајќи од него 20.000 евра. Возилото се движело во правец на Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. При обидот за бегство, автомобилот удрил во банкината, по што киднаперите излегле од возилото и избегале.

По инцидентот, Кајмакоски поминал неколку часа во полициска станица, додека траела постапката и увидот на надлежните служби. Полицијата интензивно трага по сторителите.

Од неговиот тим информираат дека пејачот смирено и храбро се соочил со ситуацијата, но во моментов му е потребен мир. Во интерес на истрагата, тој нема да дава изјави за јавноста.

„Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и покажаа грижа за Даниел“, се наведува во соопштението од неговиот претставник за односи со јавноста Миланка Рашиќ.

Даниел Кајмаковски – Фото: Фејсбук

ВИДЕО | Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград – српската полиција е на нозе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот