ФОТО | Прва фотографија по венчавката и веднаш од кревет: Оскаровката се омажи по 19 години врска

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерката Мишел Јео на почетокот на оваа година, стана првата Азијка која го освои Оскар за најдобра актерка, за улогата во филмот „Everything Everywhere All at Once“.

Овој филм освои седум награди, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро оригинално сценарио.

Мишел Јео / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

А, нејзината година од соништата нема крај.

Мишел (60) сега потврди дека се омажила по 19 години врска со Жан Тод (77), прочуениот поранешен прв човек на Ферари и легенда на Формула 1.

Нивните заеднички фотографии, направени во кревет, осамнаа на Инстаграм.

Мишел Јео и Жан Тод/Фото: Принтскрин/Инстаграм

„19 години и – ДА! Ние сме во брак! Им благодариме на нашите семејства кои не сакаат сите овие години. Ве сакаме и не чекаат уште многу години“, објави Мишел на Инстаграм.

Мишел Јео и Жан Тод/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Животната приказна на Мишел Јео, првата Азијатка која освои Оскар за најдобра главна женска улога

Мишел Јео влезе во историјата на Оскарите: Таа е првата Азијка номинирана за најдобра актерка

ФОТО | Џејми Ли Кертис за првпат е номинирана за Оскар: Актерката не ја криеше возбудата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот