ФОТО | Пред да ја запроси побара од неа да абортира: Се ожени кошаркарот Пол Џорџ

Фото: Принтскрин .- Инстаграм

Свадбената церемонија се одржа минатиот месец, но невестата дури сега откри како изгледала во раскошната венчаница. Сопругата на кошаркарот Пол Џорџ, Даниела Рајиќ на својот инстаграм – профил сподели серија свадбени фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Rajic (@danielarajic)


Даниела, по потекло од Србија, блесна во раскошна бела венчаница на луксузниот бренд Ина Елси, со широки ракави од тул и прекрасен корсет од проѕирна тантела украсен со везени цветови.

„13. 7. 22 – Пред еден месец се омажив за мојат најдобар другар во најубавата вила и на церемонија каква што можев само да замислам опкружена со семејството и пријателите. Им благодариме на сите што го овозможија тоа, особено на мојот сопруг што ја организираше свадбата од моите соништа, и на сите наши гости кои дојдоа од различни старни на светот да ја прослават со нас. Погледнав илјадници фотографии во изминатиот месец, се надевам дека сте спремни. Успеавме!“ напиша таа во описот на фотографиите кои ги сподели со своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Rajic (@danielarajic)

Да потсетиме, Даниела и Пол се родители на три деца, две ќерки Оливија и Наташа и синот Вук.

Даниела работеше како го-го танчерка и стриптизета. Нивниот љубовен живот е како филм. Имено, во 2015 година тие се гледале неколку месеци пред да се открие дека Даниела е бремена. Пол Џорџ тврдеше дека Оливија не е негово дете, но Даниела го тужела кошаркарот на суд. ДНК анализата утврди дека Џорџ е татко на девојчето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Rajic (@danielarajic)


Поранешната го-го танчерка потоа го тужела Џорџ, бидејќи тој наводно и понудил 1 милион долари за да абортира, но таа подоцна се откажала од тужбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Rajic (@danielarajic)


Потоа кошаркарот возврати и долго време работите беа прешуштени на нивните адвокати и одлуката на судот. Сепак на крајот Пол и Данијела меѓусебно се договориле да го делат старателството врз нивните деца. Романсата ја обновија во ноември 2017 година кога ја добија втората ќерка – Наташа, а во октомври оваа година го добија и синот Вук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот