ФОТО | Славниот актер го покажа извајаното тело во кое сите гледаат со неверување: Холивудскиот фраер е во брак со Србинка

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Холивудскиот актер Кристијан Бејл го прославил својот 50. роденден во луксузното летувалиште Лос Кабос во Мексико заедно со сопругата со српски корени Сиби Блажиќ и нивниот деветгодишен син Џозеф. Со нив не била 18-годишната ќерка Емелин.

Среќното семејство било снимено како уживало покрај базенот, ден пред роденденот на Бејл.

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Обожавателите биле особено воодушевени од глетката на Кристијан Бејл без маица, па го „впивале“ неговото извајано торзо и испакнати мускули додека се релаксирал.

Особено атрактивна им била глетката кога актерот стоел само со бела крпа околу половината, додека мускулите на рацете му биле убаво исцртани по пливањето во базенот, па многумина им се заблагодариле на папараците што ги почестиле со тие фотографии.

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

За разлика од него, неговата 53-годишна сопруга, која е поранешна манекенка, одлучила да се заштити од сонцето, па на себе имала долги ракави, црн шешир и очила за сонце.

Многумина се согласиле дека Кристијан Бејл изгледа подобро од кога било за својот 50-ти роденден. Сепак, неговото тело претрпе неколку драматични промени низ годините.

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

 

Неговите трансформации се неверојатни, како онаа улогата во филмот „Психо“ „American Psycho“ (Патрик Бејтмен) од 2000 година на режисерката Мери Херон. Ја прифатил задачата иако некои му сугерирале дека тоа може да му ја уништи кариерата, што не се случило. Добитникот на Оскар за споредна улога во филмот „Борец“ (The Fighter) смета дека човек станува неустрашлив кога го прави она од што се плаши. Тој храбро ги прифаќа предизвиците, а публиката се радува поради таквата смелост и умешност.

Кристијан Бејл со сопругата Сиби: Faye’s Vision/Cover Images/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот