ФОТО | Познати дами кои гордо го покажаа својот труднички стомак во бикини

Фото: Instagram

Што се однесува до модата и начинот на облекување, постојат различни „правила“ и мислења, за тоа како жените треба да се облекуваат кога ќе достигнат одредена возраст, или се со прекумерна тежина или се бремени.

Но, се почесто многу познати дами, гордо ја покажуваат својата трудничка фигура во костим за капење, а нивните фотографии ви ги пренесуваме во продолжение.

Ешли Греам

Фото: Instagram/ ashleygraham

Ешли Греам е една од најпознатите „плус сајз“ модели, а нејзината фигура често е предмет на бројни дискусии. За време на бременоста во 2021 година, Ешли често објавуваше фотографии во костим за капење на Инстаграм, истакнувајќи го трудничкиот стомак, а тоа предизвика различни реакции.

Кортни Кардашијан

Фото: Instagram/ kourtneykardash

Откако објави дека чека дете со сопругот Тревис Баркер, ѕвездата од Кардашијан, не престанува да го покажува трудничкиот стомак на социјалните мрежи. Таа пред неколку дена на својот Инстаграм профил објави фотографија од одморот на Хаваи,  облечена во впечатлив розов костим за капење, кој ја откри нејзината трудничка фигура. Ова е прво заедничко дете за славниот пар, а и двајцата имаат деца од претходните врски.

Ријана

Фото: Instagram/ badgalriri

Ријана веќе за време на првата бременост на сите им стави до знаење дека нема намера да го крие трудничкиот стомак, а нејзините смели труднички комбинации предизвикаа лавина реакции. Пред неколку месеци, 35-годишната пејачка на својот Инстаграм објави неколку фотографии на кои позира само во танга, а обожавателите во коментарите и порачаа дека е „најубавата трудница на светот“.

Ен Хатавеј

Фото: Instagram/ annehathaway

Убавата актерка уште во 2016 година, со фотографија во бикини на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со сопругот Адам Шулман, а нејзината објава наиде на бројни позитивни коментари. Славниот пар е во брак од 2012 година, а заедно имаат две деца.

Хилари Даф

Фото: Instagram/ hilaryduff

Aмериканскаta пејачка и актерка Хилари Даф во 2018 година, го покажа трудничкиот стомак, додека уживаше на плажа со синот Лука. Денес Хилари има три деца, а првиот син го родила во 2012 година, за време на бракот со хокеарот Мајк Комри. Таа сега е во брак со пејачот Метју Кома, со кој има две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот