Фото: Принтскрин

ФОТО | Пожарникари спасија куче заглавено во шахта во Кумановско

Во основно училиште во Младо Нагоричане, пожарникари денеска спасија куче кое паднало во шахта сместена во дворот на училиштето.

Случајот бил пријавен од страна на вработените од училиштето, а кучето било спасено од страна на пожарникарите при ТППЕ Старо Нагоричане.

„Во основното училиште во село Младо Нагоричане (маала Ѓорговци) по повик од вработени во училиштето за паднато куче во длабока шахта, ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари до 11:00 часот“, информираа од ТППЕ Старо Нагоричане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот