ФОТО: Потрошил 30 илјади фунти за да изгледа како „филтер“ на Инстаграм

Instagram

Овој млад човек потрошил дури 30 илјади фунти за естетски операции за да изгледа како „филтер“ на Инстаграм. 24-годишниот Леви Џед Марфи прво ги корегирал усните кога имал само 19 години, а оттогаш станал зависен од естетка хирургија…

Покрај усните и забите, тој направил операција и во областа на слепоочниците за да добие „мачкини очи“, го корегирал носот, брадата, образите, вилицата…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LEVI JED MURPHY (@levijedmurphy)

Сакам да го привлекувам вниманието на луѓето… Секое закрепнување го пренесувам преку социјалните мрежи за луѓето да ме забележат“, изјави Марфи од Велика Британија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LEVI JED MURPHY (@levijedmurphy)

Тој го напуштил училиштето на 16-годишна возраст и решил да стане ѕвезда на социјалните мрежи со својот специфичен изглед.

Почнал да работи како продавач во неколку мали бизниси, а сега веќе самиот заработува на својот инстаграм-профил од бројни реклами.

Инстаграм постави филтер каде што можете да видите како би изгледале по пластична операција, мене ми се допадна тоа што го видов. Разработив различни процедури што беа прикажани во филтерот и потоа почнав да ги правам“, изјави тол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LEVI JED MURPHY (@levijedmurphy)

Инстаграм ѕвездата вели дека од 10.000 фунти месечна заработка веќе преминал на 30.000 што како што вели, е сосема доволно за финансирање на неговите бројни операции – а некои ги добил и бесплатно поради неговата популарност и бројните следбеници на „ТикТок“ и „Инстаграм“ кои се над 2,3 милиони.

Ми одговара мојот начин на живот и мојот изглед. Едноставно, обожавам внимание“, заклучи Марфи за „The Sun“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот