Паулина Поризкова / Фото: Принтскрин / Икс / Инстаграм

ФОТО | Поранешниот супермодел Паулина Поризкова гордо го покажа своето тело без филтер и испрати силна порака

Чешката манекенка Паулина Поризкова беше една од најпознатите модели на 80-тите, а сега таа гордо го покажа своето тело како изгледа на 60 години.

Паулине неодамна објави фотографии на кои покажа како изгледа нејзиното тело кога позира за фотографија на добро осветлување, а потоа и фотографија без филтер и во лоша светлина.

„Ова сум јас. На одмор, во добра светлина, позирам за фотографија. И ова сум јас, во лоша светлина, не позирам. Ова се шеесет години. Ова се шеесет години понекогаш здрава исхрана, понекогаш не. Шеесет години повремено вежбање. Шеесет години правење правилни работи, а потоа погрешни работи, одново и одново“, напишала таа покрај фотографиите, додавајќи дека ова се шеесет години учење што функционира, а што не.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

За убавината на стареењето

„Токму кога мислам дека сум сфатила, сè се менува и морам да почнам одново. Убавината на шеесетите е што сега разбирам дека важноста е во учењето на лекцијата, а не во положувањето на испитот“, напиша таа покрај објавата, која собра бројни лајкови и комплименти од нејзините следбеници.

Таа беше една од најпознатите модели на 80-тите

Паулина Поризкова е чешко-американски супермодел, актерка и писателка која стана светски позната во текот на 1980-тите. Родена е на 9 април 1965 година во тогашна Чехословачка и емигрирала во Шведска со своите родители како дете. Таа стекна меѓународна слава како прв модел од Источна Европа што се појави на насловната страница на изданието за капење на „Спортс илустрејтид“, две години по ред, во 1984 и 1985 година.

Покрај нејзината кариера како модел, Паулина се обиде и во глумата, како што е во филмот „Нејзиното алиби“ (1989) со Том Селек, а во последниве години се истакна и како гласен критичар на старосната дискриминација, особено во модната индустрија.

На социјалните мрежи и во своите есеи, таа често пишува за самодовербата, стареењето, женственоста и личните искуства по смртта на нејзиниот сопруг Рик Окасек, фронтменот на бендот „Карс“, со кого беше во брак повеќе од 30 години.

Денес, таа повторно е присутна во медиумите како застапник за реално прикажување на жените во медиумите и инспирација за многу жени на средна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот