Џена Џејмсон - Фото: Инстаграм

ФОТО | Поранешната порно ѕвезда Џена Џејмсон пронајде спас во верата: „Децении бев позната по гревот“

Поранешната американска порно ѕвезда Џена Џејмсон зборуваше за тоа како верата ѝ помогнала целосно да го промени својот живот, а нејзините следбеници на социјалните мрежи ѝ изразија поддршка.

На Инстаграм објави дека „преминала на другата страна“ откако децении била позната по своето тело и гревот, односно дека се крстила и започнала да им помага на другите да го „пронајдат“ Исус.

„Отворено зборувам и горда сум на своето патување со Исус Христос. Покажувањето на мојата љубов кон него на многу луѓе им ги отвора очите дека тие не се непоправливи.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose)

Следбениците на Инстаграм ѝ честитаа за одлуката верата да ја стави на прво место.

„Толку сум горда на тебе! Само продолжи да се бориш додека ја шириш љубовта кон Бога“, „Молам се да останеш силна во името на Исус“, беа дел од коментарите. Џена Џејмсон претходно изјави дека во животот поминала низ многу нешта, но дека е благодарна за сè.

„Повторно ја пронајдов верата и мирот. Мојата вера во Севишниот ме доведе до сила за која ни самата не знаев дека ја поседувам“, напиша таа.

Таа ја започнала својата кариера во порно индустријата во 1990-тите, а во 2008 година се повлекла. Минатата година се разведе од Џеси Лолес по само 11 месеци брак. Џеси тврди дека нивниот брак се распаднал затоа што Џена била зависна од алкохол. Во моментов Џена е во врска со Мило Р. Окампо.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот